Во пресрет на новиот квалификациски прозорец во кој фудбалската репрезентација на Македонија ги игра клучните мечеви од оваа Мундијалска кампања против репрезентациите на Белгија односно Казахстан, Фудбалската Федерација на Македонија, Министерството за Внатрешни работи и РСБСП, спроведоа заедничка кампања за сигурност во сообраќајот, и превенција од секаков вид на несреќи на патиштата. Во неа секако се вклучени раководните структури на овие институции, но и македонските репрезентативци кои со задоволство беа дел од спотот наменет за оваа кампања.