Чудо во Турново: На полувреме губеа со 0:10, па не им се излегуваше на терен!

930

Деновиве во Струмица и Турново се одржува квалификацискиот турнир за ЕП за селекции до 17 години. Македонија одигра 2:2 со Унгарија, ама во Турново на вториот меч од 1.коло селекцијата на Чешка славеше против Гибралтар со неверојатни 13:0.

На полувреме беше 10:0, токму затоа веројатно на младите фудбалери на Гибралтар не им се излегуваше на терен во второто полувреме.

Сепак Чесите малку како да дигнаа рачна, па се задоволија само со уште три гола за 13:0 и толку беше.

Инаку досега не се случило во младинските селекции во квалификациските турнири една селекција да прими 10 голови за едно полувреме.

Ете, чудото се случи денеска и тоа во Турново.

ПретходноМеч за заборав: Висла со убедлива лекција за Пелистер
СледноРистовски го означи стартот на Државното првенство во пливање во Куманово