Јакимовски блескаше во првата победа на Тренто во Еврокупот

109
Фото: Тренто

Македонскиот репрезентативец, Андреј Јакимовски и неговиот Тренто успеаја да го преживеат тешкото гостување кај Будуќност и да дојдат до првата победа во Еврокупот. Италијанскиот тим славеше со 96-107 во меч од второто коло.

Нашиот репрезентативец беше еден од најдобрите кошаркари во составот на Тренто, тој беше втор стрелец. Зад своето име запиша 15 поени, два скока и две асистенции за нецели 16 минути во игра. Јакимовски имаше 3/5 за три поени, два од два од поле и 1/3 од линијата за слободни фрлања.

Тренто можеше мечот да го добие многу полесно, но му дозволи на противникот во самиот финиш да се доближи за драма до последните секунди.

ПретходноРајковиќ со Тофаш успешно стартуваше во ФИБА Лигата на Шампионите!
СледноМагдебург си гази, убедливи победи на Алборг и Нант на гости