Ард Касами успешно опериран по тешката повреда на вкрстените лигаменти!

165
ФОТО: FCSTRUGA.COM

Фудбалерот на Струга ТЛ, Ард Касами денеска беше успешно опериран во Скопјe. Откако се здоби со тешка повреда на предните вкрстени лигаменти на десната нога, и тоа на тренинг минатата недела, мораше да оди на операција.
Операцијата ја изврши д-р Зоран Несторовски, во болницата „8 Септемвр“ во Скопјe, додека покрај неговото семејство, присутен беше и спортскиот директор Бесарт Исаку. По препорака на тимот лекари кои ја извршија оваа интервенција, Ард Касами ќе мора да отсуствува од теренот околу 6 месеци, бидејќи се очекува да се приклучи на тимот кон средината на април.

ПретходноРистовски го означи стартот на Државното првенство во пливање во Куманово
СледноОфицијално: Салах го однесе Египет на СП 2026!