По двата порази по ред против ПСЖ и ГОГ Гудме, македонскиот шампион Е. Пелистер денеска во Полска го чека гостување кај првакот на оваа земја, Висла Плоцк. Мечот ќе биде уште една шанса за „зелено-белите“ да го подобрат своето конто на табелата, но и шанса да се изненади еден навистина одличен противник.
„Се подготвуваме колку што можеме, имаме напорен распоред и три натпревари во само седум дена. Висла е силен противник, кој летово доведе уште подобри играчи во својот ростер, но и минатата година се претставија во одлично светло. Нивното ниво сега е уште повисоко, затоа мораме добро да ги анализираме и да се спремиме соодветно. Малку ја вративме самодовербата после победата над Охрид, таму го прикажавме нашето вистинско лице. Мечот со Вардар е во минатото, сега се фокусираме само на идните предизвици“, вели Павле Атанасијевиќ.
Дуелот во Плоцк почнува од 18.45 часот, а ќе го судат Мадс Хансен и Јеспер Мадсен од Данска.