Македонија У17 со реми на стартот на квалификацискиот турнир (ВИДЕО)

155

Репрезентацијата на Македонија до 17. Години предмалку на стартот од квалификацискиот турнир на кој што сме домаќини во Струмица, одигра 2:2 против репрезентацијата на Унгарија.

Во исклучително неизвесен  квалитен меч, нашите млади фудбалери на два пати беа во негатива, но и на два пати израмнуваа, а на крајот имаа шанси и да го добијат сите три бода.

Унгарците поведоа преку Полонкаи во 23. Минута, но со иницијатива во финишот на првиот дел, Македонија преку Јаков Стојковски израмни на 1:1 во 44. Минута.

Само што започна вториот дел, Ингарија преку Босзе повторно дојде до водство, овојпат од 1:2, но играчот на Македонија ЃП, Мартин Џангаровски во 67. Минута ни носи изедначување од 2:2.

Следуваше  борба за секоја топка, и безброј дуели на младите фудбалери. Шанси и на двете страни но ниту една не беше искористена.

Следниот дуел на Македонија У17 е на 11 октомври против Чешка, а во последното коло се среќаваме со Гибралтар на 14 октомври.

Македонија: Суљовиќ, Митев, Иванов, Михајловски, Цветковски, Љачка, Цветковски, Џангаровски, Папалиски (Кнежевиќ 62), Стојковски (Мамути 90), Исламовиќ (Митревски 90)

Стрелци: Стојковски 44, Џангаровски 67 (М)

 

ПретходноБарселона повторно под истрага: Платиле 10 милиони евра на посредник за „непостоечки услуги“
СледноЛапорт е новото име во составот на Шпанија