Фит Фан Волеј загуби од Херцег Нови со 0:3 (16:25,9:25, 12:25) во третото и последно коло од БВА Балканскиот клупски куп.
Со три порази во исто толку натпревари македонски претставник на последното, четврто место на табелата го завршува премиерното учество во БВА купот.
Капитенот Јакимовска со 7 поени беше најефикасна во овој натпревар за својот тим.
Младиот скопски состав во дебито на меѓународната сцена одигра три натпревари со силни ривали кои беа одлични за стекнување на искуство, но и како добра подготовка за почетокот на националното првенство викендов.