Во пресрет на дерби мечот во групата Ј во квалификациите за пласман на СП 2026, меѓу Белгија и Македонија, селекторот на Белгија, Руди Гарсија си има проблеми.
И не само поради фактот дека клучниот играч му го нема поради повреда, Ромелу Лукаку, туку и тие што треба да бидат негови замени, како “деветка“ во составот, не се во форма или досега беа повредени.
Како што пренесуваат медиумите во Белгија, свои ставови или коментари на аналитичарите, Шарл Де Кетеларе само што излегува од повреда, додека тотално надвор од форма се Мичу Батшуаи и Луис Опенда. Првиот не е класична “деветка“, но сите го советуваат Гарсија да го почне мечот со Македонија со него, додека ретко кој смета дека Батшуаи и Опенда се добро решени.
Се вели дека Македонија ќе игра во низок блок и дека Де Кетеларе би бил логичен избор.
Проблемот е во тоа што сите се свесни, а најмногу Гарсија дека напаѓачот на Аталанта не е подготвен за двата меча. Во петок со Македонија дома и во понеделник со Велс на гости.
Исто така се пренесува дека на Белгија и биле сосема доволни и 4 бода од овие средби за да ја заврши работата околу првото место во групата и обезбедување директен пласман на СП.
Сепак, во петок секако дека се прашува и Македонија.