У17: Младите против Унгарија во Струмица денеска ги отвораат квалификациите за ЕП

46
фото: ffm.mk

Младата фудбалска репрезентација на Македонија за играчи до 17 години денеска во Струмица ги започнува квалификациите за Европското првенство. На стадионот „Младост“ избраниците на Влатко Колев денеска ќе го имаат првиот голем предизвик на дуелот со селекцијата на Унгарија.

„За нас е најбитно да изградиме еден конкурентен тим за да дојдеме до мало изненадување во една група во која има две исклучително силни репрезентации како Унгарија и Чешка. Направени се анализи и за двете селекции, додека Гибралтар е една непознаница. Треба да бидеме многу внимателни на стартот со Унгарија. Играат брз фудбал, директен фудбал со брз пренос на топка. Многу се опасни во транзицијата, физички се моќни, па затоа треба да бидеме внимателни на стартот. Ако успееме да го добиеме поседот, ќе биде полесно. Овој прв меч е и клучен за тоа како ќе изгледа распоредот на табелата во оваа група“, вели пред стартот на квалификациите, селекторот Влатко Колев.

Младите надежи денеска во 13 часот ќе го одиграат дуелот со Унгарија, а во истиот термин ќе се сретнат и Гибралтар и Чешка.

ПретходноКонсеисао се договори со Ал-Итихад
СледноГарсија: Белгија ќе ги заврши квалификациите за СП 2026 без Тилеманс и Лукаку