Винисиус направи вистинска драма во текот на ноќта, навивачите гледаат и не веруваат

153

Вирџинија Фонсека вчера објави дека повеќе не е во врска со ѕвездата на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор. Причината е неверството бидејќи го нашла како разговара со други жени.

Потоа решила да ја заврши приказната со Бразилецот, но крајот бил краткотраен. Винисиус се извини во текот на ноќта и тврди дека идејата е да се започне одново.

„Сите поминуваме низ моменти што нè тераат да размислуваме и да растеме. Неодамна доживеав ситуација што ме натера да размислувам и да сфатам дека моите постапки не се она што сакам да бидам и каква врска сакам да изградам.

Вирџинија е неверојатна жена, мајка достојна за восхит и некој кон кого чувствувам огромна наклонетост и почит. Откако се запознавме, таа дојде во Мадрид три пати да ме види, оставајќи ја зад себе својата рутина, своите обврски и својот живот, само за да биде со мене.“

Не се срамам да признаам дека бев невнимателен, дека не одговорив на најдобар можен начин и дека ја разочарав. За ова сакам јавно да се извинам од се срце, бидејќи сфатив дека вистинска врска постои само кога има почит, доверба и транспарентност.“

Идејата сега е да се започне одново. Без лаги, без кавги, без маски – со многу љубов, наклонетост и почит“, рече Вини во пораката.

Навивачите се потсмеваа на оваа порака. Не можат да веруваат што прочитаа.

„Златна драма“, напиша еден навивач, а потоа почнаа да се појавуваат коментари.

ПретходноПСЖ се подготвува да испрати МОНСТРУОЗНА понуда за Јамал!
СледноГроздановски знае како се пишува историја во Гент!