Во петок во Гент, со почеток од 20:45 часот нашата најдобра фудбалска репрезентација ќе и гостува на силната Белгија во квалификациски меч за СП 2026. Ова за нас ќе биде еден од најважните мечеви во нашата фудбалска историја.
Имено познато е дека на 4 кола до крајот Македонија е лидер на табелата во групата со 11 бодови пред Белгија и Велс кои имаа по 10 бода, ама Белгија има и меч помалку.
Познато е исто така дека само првиот во групата обезбедува директен пласман на Мундијалот кој ќе се одржи следната година во САД, Канада и Мексико.
И кога веќе сме лидери јасно е дека апетите пораснаа.
Па така калкулациите велат дека ако во петок Македонија успее да ја победи Белгија и тоа во Гент, тогаш ќе биде на чекор до пласман на СП 2026. Ќе има +4 во однос на Белгија, но и меч повеќе, а веќе во понеделник играат меѓусебе Велс и Белгија.
Дури сега се гледа што значеа оние два бода со Велс дома кога примивме гол со кој гостите израмнија на 1:1 во 90+6.минута.
Еве го распоредот на сите мечеви до крајот на сите три селекции:
Белгија – Македонија
Велс – Белгија
Македонија – Казахстан
Казахстан – Белгија
Лихтенштајн – Велс
Велс – Македонија
Белгија – Лихтенштајн
ТАБЕЛА
1.Македонија 11
2.Белгија 10
3.Велс 10