Арне Слот и Ливерпул се подготвени да потпишат нов договор. Менаџерот во само првата сезона на чело на клубот ја освои титулата во Премиер лигата, а и во моментов Ливерпул котира супер.
Па така, договорот на Слот кој што е активен во моментов е до 2027 година, наскоро би требало да биде заменет со нов, далеку побогат очигледно и со времетраење од сигурно плус три сезони.
Слот пак уште пред неколку месеци изјави дека сака во времетраењето на Енфилд да го достигне и неговиот претходнит Јирген Клоп кој беше на чело на Ливерпул девет години.