Партизан како да не може без драма, сепак го победи Ефес!

492
ФОТО: KK Partizan Mozzart Bet/X

Како што е вообичаено кога игра Партизан, и вечерва во преполната Арена драма во меч од Евролигата. Драма, но со среќен крај за момците на стратегот Жељко Обрадовиќ и победа над Ефес со 93:87.

А ако се знае како одиграа „црно – белите“ во првото полувреме, а одиграа фантастично и имаа убедлива предност, тогаш несфатливо е зошто и како паднаа во втората фаза од мечот. Турскиот тим и тоа како опасно се приближи резултатски, но на крајот Партизан славеше втора победа на третиот меч во новата сезона во Евролигата.

Монако како гостин славеше Милано со 79:82.

Исто гостинска победа славеше и тимот на Панатинаикос со 84:86,но домашниот состав имаше шанси за сосема поинаков исход на овој меч.

ПретходноВеспрем ја доби драмата со Киелце, “тесни“ победи на фаворитите
СледноЧешка и Хрватска одиграа без голови, епска бламажа на Црна Гора, што ли испуштија Босанците!