Ламине Јамал е најголемата фудбалска ѕвезда во моментов. Иако има само 18 години, тој со своите настапи во изминатите две години, а и со оние непотребни активности надвор теренот во последно време, и тоа како го привлече вниманите на јавноста и не само во Шпанија.
Пред мега – ѕвездата на Барса и светскиот фудбал секако дека е блескава кариера, токму тој е легитимниот наследник на Лео Меси.
Летово на неговиот 18-ти роденден Барса го “врза“ со договор до 2031 година, но и со откупна клаузула од една милијарда евра.
Од друга страна клубовите како ПСЖ и натаму сонуваат да го привлечат малиот Ламине.
Деновиве во медиумите во Франција и Шпанија беше пренесена веста дека ПСЖ има намера да испрати монструозна понуда до Барса и тоа вредна 230 милиони евра. Со таа сума ќе се урне рекордот кој и натаму го држи Нејмар кога од Барса во ПСЖ направи трансфер за 222 милиони евра.
Јасно е дека за се ова Барса треба да даде дозвола, но исто така е јасно дека ако веќе каталонците го продаваат својот бисер таа сума нема да биде помала од 300 милиони евра.
Во ПСЖ знаат дека во јуни 2026 тешко дека ќе дојде и до преговори, но неко следно лето можеби.