Стојановски: Пелистер е во криза, но тука сме да поправиме многу работи!

72
ФОТО: FC Pelister/FB

Милан Стојановски е нов шеф на струката на Пелистер. Откако битолчани се разделија со Димитар Капиновски, по очајниот старт на сезоната, тој беше најсериозен кандидат за нов тренер на Пелистер, и тој денеска е промовиран како нов стратег.

Милан Стојановски е поранешен македонски репрезентацтивец со 26 настапи, досега како тренер работел во Телеоптик и ИМТ.

После промоцијата ги искажа своите очекувања…Стојановски ќе дебитира против Силекс на гостински терен, во меѓувреме ќе ја искористи репрезентативната пауза за консолидирање на тимот.

„Мило ми е што се врати во македонскиот фудбал, пред се во Битола, би сакал да ги поздравам сите навивачи. Пелистер во овој момент е во мала криза, но тука сме да се обидеме да ја поправиме ситуацијата. Се надевам дека ќе биде се во ред, ја нимаме оваа репрезентативн пауза, па тоа ни дава за право да се надеваме дека добро ќе работиме добро во неделата која ќе следи. Уште еднаш ги поздравувам навивачите кои верувам дека ќе бидат наш 12-ти играч“, изјави Стојановски.

ПретходноТенисерите за условите во Шангај: Дали сакате некој да умре за време на меч?
СледноЕХФ прашува: Дали Кузмановски е најдобриот „бомбардер“ во Лигата на шампиони?