Фудбалската репрезентација на Македонија утревечер ќе се соочи со Белгија во Гент, во еден од најголемите предизвици во квалификациите за СП 2026. Одбраната ќе биде под посебен притисок, но Висар Муслиу, инаку фудбалер на белгискиот Сент Труден е подготвен за предизвикот.
“Го нема Лукаку, но во Белгија има голем број квалитетни напаѓачи, и сигурно нема да биде лесно. Ќе дадеме се од себе, тоа е најмалку што можеме да направиме за Македонија. Со максимална посветеност и концентрација, со борба за секоја топка, веруваме дека можеме да ја реализираме нашата цел”, изјави дефанзивецот Висар Муслиу.