Во пресрет на утрешниот меч Белгија – Македонија, во квалификациите за пласман на СП 2026 во групата – Ј, попладнево во Гент на прес-конференција свои видувања имаа селекторот на домашната селекција, Руди Гарсија и Кевин Де Брујне.
И двајцата напоменаа дека ја почитуваат селекцијата на Македонија, но нивната цел е само победа и ништо друго:
“Македонија е квалитетен тим и никако не смееме да си дозволиме да ја потцениме. Оваа селекција е добро анализирана, но сепак сметам дека се ќе зависи од тоа како ние ќе се поставиме на теренот. Нашата цел е победа и ние ќе го дадеме максимумот да дојдеме до неа“ рече покрај другото Гарсија.
Соиграчот на Елмас во Наполи, Де Брујне посочи:
“На првиот меч во Скопје јасно е декаме бевме на потребното ниво, затоа Македонија заслужено освои бод. Сега сме решени ситуацијата да биде поинаква. Не смееме да направиме нова грешка. Подготвени сме, фокусирани сме и јас очекувам победа и три бода“.