Евролига го казни Партизан, Обрадовиќ порача: Ако има проблем…

211
ФОТО: KK Partizan/FB

Кошаркарите на Партизан ја победија Олимпија со 80:78 на 2-ри октомври на „Белградска арена“. Во соопштението се наведува дека белградскиот клуб е казнет со 13.000 евра за фрлање предмети.

Кошаркарите на Партизан ќе го пречекаат Ефес во третото коло од Евролигата денеска во 20:30 часот на „Белградска арена“.

Пред натпреварот, тренерот на црно-белите, Жељко Обрадовиќ, истакна дека на последниот натпревар се случиле одредени работи со кои не се согласува и ги потсети на навивачите на црно-белите дека, доколку има нешто со што не се задоволни, секогаш можат да дојдат и да разговараат со него или со раководството на клубот.

„Не дозволувајте другите да уживаат ако имаме несогласувања во клубот. Не можеме да имаме проблем. Ние сме семејство. Ако има проблем, тој се решава во семејството. Ајде да се однесуваме така ако сите го сакаме Партизан. Не се сомневам дека сите 20.000 луѓе што доаѓаат го прават тоа затоа што навистина го сакаат клубот. Ајде уште еднаш да покажеме дека сме најдобри. Сè зависи од вас. Сето ова би немало смисла без вас. Вие сте највредното нешто што го има овој клуб“, рече Обрадовиќ.

ПретходноМакедонија У19 денеска на мегдан со Црна Гора
СледноТрајковски: За Македонија секој натпревар е ист и се подготвуваме на идентичен начин