И официјално: Црвена Звезда го отпушти Јанис Сферопулос

34
Фото: КК Црвена Звезда

КК Црвена звезда соопшти дека Гркот Јанис Сферопулос повеќе не е тренер на клубот.

„По заеднички состанок на претседателот на клубот Жељко Дрчелиќ, генералниот менаџер за спортски сектор Милан Томиќ, менаџментот на клубот и досегашниот тренер Јанис Сферопулос, донесена е одлука господинот Сферопулос да не ја извршува функцијата тренер на првиот тим. Одлуката е донесена со само една цел – затоа што и двете страни сметаат дека тоа е во најдобар интерес на КК Црвена звезда во овој момент“, стои во соопштението на клубот од Мали Калемегдан.

Сферопулос беше именуван за прв тренер на 21 октомври 2023 година, а во периодот до октомври 2025 година освои четири трофеи со клубот – АБА лигата, две Куп-награди „Радивоје Кораќ“ и Првенството на Србија. Минатата сезона, тимот успеа да стигне и до плеј-инот во Евролигата.

ПретходноСкандалозни сцени од Африка: Срамен гол, па судиска одлука која влијаше на пласман на СП (ВИДЕО)
СледноВо Саудиска Арабија се пофалија: Сопствениците на Јунајтед во напредни преговори за продажба на клубот