Во меч од групата Г за пласман на СП 2026, Финска како домаќин во Хелсинки успеа со 2:1 да слави значајна победа против Литванија и со тоа да ги задржи шансите барем за тоа второ место во групата кое води во баражот.
Сепак не беше се така лесно за домашниот состав, посебно ако се знае дека гостите од Литванија во 25.минута со голот на Сирвус дојдоа до водство од 0:1.
Сепак во продолжение од средбата, Финците беа далеку подобар противник, создадоа неколку шанси од кои реализираа две. Прво Калман во 48.минута, а потоа Маркиев седум минути подоцна стрелаа во мрежата на гостите за победа од 2:1.