Македонија У19 ремизираше без голови со Црна Гора

97

Македонската репрезентација до 19. години на чело со селекторот Еркан Селими предмалку во Даниловград ремизираше без голови 0:0 на пријателскиот дуел против домаќинот Црна Гора.

Нашите млади фудбалери доиграа борбен, цврст дуел во кој во ниту еден момент не беа во подредена позиција, напротив. Повеќе од полувреме игравме со играч помалку но и така успеавме да стигнеме до позитивен резултат.

Вториот дуел помеѓу Македонија и Црна Гора до 19. години ќе се одигра на  12.октомври.

 

ПретходноПожар во куќата на Винициус
СледноГарсија и Де Брујне: Македонија е квалитетен противник, но нашата цел е само победа и три бода!