Мастантуоно за споредбите со Јамал: “Тој е одличен играч, но јас сум фокусиран на својата игра“!

39
ФОТО: Real Madrid FC/FB

Франко Мастантуоно во целост ги оправдува средствата кои Реал Мадрид ги вложи во него. Младиот Аргентинец не ретко оваа сезона е стартер кај “кралевите“, игра добро, фановите на најголемиот клуб во светот се воодушевени од него и му ја даваат сета поддршка.

И кога е така тогаш јасна е споредбата која медиумите ја прават со Ламине Јамал. И двајцата имаат по 18 години, Аргентинецот е еден месец помлад, и двајцата се иднината на светскиот фудбал.

За споредбите со Јамал, новиот “крал“ има свој коментар:

Овие споредби секогаш постојат во фудбалот. Весниците и воопшто медиумите ги прават овие наслови и споредби, но тоа не ме загрижува зошто јас не споредувам со друг. Јамал е одличен играч, но јас сум фокусиран на својата игра“ посочи Мастантуоно.

ПретходноЧеферин: Роналдо е еден од тројцата најдобри на сите времиња!
СледноВеспрем ја доби драмата со Киелце, “тесни“ победи на фаворитите