Милевски: Белгија е фаворит, но ние продолжуваме да сонуваме!

84

Македонија утре во Гент, ќе и гостува на Белгија во можеби решавачкиот меч за пласман на СП 2026. Во пресрет на овој дуел Македонија е лидер на табелата во квалификациската група -Ј.

На пресот во Гент, во пресрет на утрешниот дуел со силната домашна селекција на Белгија, селекторот Благоја Миилевски покрај другото истакна:

Во повеќе наврати сум кажал, а и сега ќе повторам. Јас сум сум горд на моите фудбалери, и тоа не само во овие квалификации, туку и во претходните години. Со настапот во Лигата на нации, со овој циклус, со речиси загарантиран плеј-оф. Тоа е изворот на енергијата што ни е потребна за да се движиме напред. Белгија има неверојатен ростер, тие се и понатаму фаворити во групата, но ние продолжуваме да сонуваме. Сега не очекуваат решавачки натпревари. Ќе сториме се за да ја оствариме нашата цел. Имаме прекрасни момци, кои секогаш го даваат максимумот и се тука за Македонија посочи селекторот Милевски.

ПретходноОдложено мега – дербито Шкендија – Вардар, како и сите мечеви од 10.коло!
СледноВисар Муслиу:Ќе се бориме за секоја топка, тоа е најмалку што можеме да направиме за Македонија