Кога има избори во Македонија, барем така беше до сега, нема фудбал тој викенд. Така ќе биде и сега. Како што е познато, Локалните избори се закажани за 19 октомври, а тоа значи дека мечевите од 10.коло во ПМФЛ, како и колото во ВМФЛ се одложува, односно се поместува.
Ова значи дека мечевите во ПМФЛ ќе се играат во терминот кога треба да играат мечевите од 11.коло.
Секако дека ова значи и дека мега – дербито меѓу Шкендија – Вардар кое требаше да се игра на 18 октомври (сабота) се одлага за следниот термин.