Пожар во куќата на Винициус

62

Шпанските медиуми јавуваат дека во раните утрински часови во куќата на фурбалерот на Реал Мадрид, Винициус избил пожар во кој за среќа нема повредени, туку е причинета само материјална штета.

Пожарот избувнал во сауната во подрумот на куќата, која била целосно изгорена. Повикот на 112 бил упатен околу 11:00 часот, а на местото на настанот биле испратени две противпожарни екипи градските власти, кои успеале да го стават под контрола пламенот и да ги проветрат зафатените простории.

Чад ги исполнил двата ката од куќата, иако не се пријавени повредени или труења. Фудбалерот не бил дома во времето на инцидентот. Првичните шпекулации се дека причина за пожарот е електричен дефект. Околу пладне, противпожарната бригада го напуштила местото, а ситуацијата е ставена под контрола.

 

ПретходноЃоковиќ обезбеди полуфинале во Шангај
СледноМакедонија У19 ремизираше без голови со Црна Гора