ПСЖ се подготвува да испрати МОНСТРУОЗНА понуда за Јамал!

72
ФОТО: FC Barselona/X

Ламине Јамал е најголемата фудбалска ѕвезда во моментов. Иако има само 18 години, тој со своите настапи во изминатите две години, а и со оние непотребни активности надвор теренот во последно време, и тоа како го привлече вниманите на јавноста и не само во Шпанија.

Пред мега – ѕвездата на Барса и светскиот фудбал секако дека е блескава кариера, токму тој е легитимниот наследник на Лео Меси.

Летово на неговиот 18-ти роденден Барса го “врза“ со договор до 2031 година, но и со откупна клаузула од една милијарда евра.

Од друга страна клубовите како ПСЖ и натаму сонуваат да го привлечат малиот Ламине.

Деновиве во медиумите во Франција и Шпанија беше пренесена веста дека ПСЖ има намера да испрати монструозна понуда до Барса и тоа вредна 230 милиони евра. Со таа сума ќе се урне рекордот кој и натаму го држи Нејмар кога од Барса во ПСЖ направи трансфер за 222 милиони евра.

Јасно е дека за се ова Барса треба да даде дозвола, но исто така е јасно дека ако веќе каталонците го продаваат својот бисер таа сума нема да биде помала од 300 милиони евра.

Во ПСЖ знаат дека во јуни 2026 тешко дека ќе дојде и до преговори, но неко следно лето можеби.

ПретходноПозната е судбината на Аморим во Јунајтед…
СледноВинисиус направи вистинска драма во текот на ноќта, навивачите гледаат и не веруваат