Македонската младинска репрезентација до 21. година утре со почеток во 17:00 часот во Битола, на стадионот Петар Милошевски, ќе го одигра третиот квалификациски дуел од актуелната кампања. Нашиот национален тим засега има два порази од два меча против Полска, односно Италија, а сега доаѓаат мечевите против селекциите со кои реално сме релатини фаворити и против кои можеме да го „скршиме“ мразот кога станува збор за позитивните резултати.
„По тешкиот почеток и двa zaгубени мечеви против силните ривали Италија и Полска, сега можам да кажам дека имаме полесни и противници со кои може да се надигруваме.Иако ниту еден противник не е „лесен“, Ерменија е ривал против кој Македонија има реални шанси да одигра цврст и ефикасен натпревар и да дојдеме до прв позитивен резултат“ – вели Димитар Трајков па додава.