Уапсен албански навивач, сакал да направи хаос во Лесковац!

165

Утре ќе биде и тоа како жешко во Лесковац, каде играат Србија и Албанија во меч од квалификациите за СП 2026.

И секако дека има провокации, јасно е што носи овој меч.

Па така како што објавија властите во Србија, уапсен е навивач од Албанија кој сакал да направи хаос во Лесковац.

Имено во неговото комбе биле пронајдени предмети кои требало да се истакнат во Лесковац, а тие биле знамиња, маички, капи со симболите на УЧК.

Тој е обвинети за предизвикување на национална, расна, верска омраза, објавија медиумите во Србија.

ПретходноГарсија и Де Брујне: Македонија е квалитетен противник, но нашата цел е само победа и три бода!
СледноПулишиќ е играч на месец септември во Серија А