Чеферин: Роналдо е еден од тројцата најдобри на сите времиња!

66
Фото: Кристијано Роналдо X

Кристијано Роналдо во изминатите две децени, заедно со Лео Меси, важеше за еден од најдобрите а според многумина и најдобар фудбалер во светот.

Португалецот освои се што можеше да се освои, единствено му недостига со Португалија титулата на СП.

Сепак, за претседателот на УЕФА, Александар Чефери, Кристијано е еден од тројцата најдобри фудбалери на сите времиња:

Според мене несомнено е дека Кристијано Роналдо е најдобриот португалски фудбалер на сите времиња, исто така според мене тој е еден од тројцата најдобри во светот на сите времиња. Никогаш не сум видел играч како него да биде решителен, тој не застанува, сака да се бори и да се бори.Неговите достигнувања се импресивни. Мислам дека ни се потребни најмалку два часа да говорам за него, да кажеме се што треба за него. Имам голема почит кон него како фудбалер, но и како човек. Сите добро знаеме и за неговиот хуманитарен карактер“ посочи првиот човек на УЕФА.

ПретходноОмерагиќ, Пандев, Новески, Најдоски и Ибраими со поддршка за нашите репрезентативци во Гент!
СледноМастантуоно за споредбите со Јамал: “Тој е одличен играч, но јас сум фокусиран на својата игра“!