Ќе се реконструира фудбалското игралиште на ФК Башкими во Куманово

272

Министерството за Спорт, на чело со министерот Борко Ристовски како и заменичката Сафије Садики Шаини денеска беше во посета на Куманово, каде што е извршен увид на состојбата на игралиштето кое што е во склоп на стадионот на фудбалскиот клуб Башкими и донесена е одлука истото да биде реконструирано во следниот период. Ќе се вложат средства се со цел истото да биде доведено во максимална состојба и ќе биде ставено на располагање не само на професионалните спортисти, туку и на граѓаните на Куманово.

„Министерот за спорт Борко Ристовски и заменичката на министерот, Сафије Садики Шаини, денеска извршија увид на фудбалското игралиште што се наоѓа во склоп на стадионот на ФК Башкими во Куманово, на кое во наредниот период ќе започне комплетна реконструкција. Реконструкцијата на ова игралиште е дел од програмата на Министерството за спорт за изградба и реконструкција на спортската инфраструктура низ целата држава. Со реализацијата на овој проект ќе се обезбедат современи услови за тренинг, натпревари и рекреација на сите спортисти и жители на Куманово“ – стои во официјалното соопштение на Министерството за Спорт.

 

ПретходноХориха доби македонски пасош, Вардар со 10 странци
СледноТрајков: Доаѓаат полесни противници против кои можеме да освоиме бодови