Веспрем ја доби драмата со Киелце, “тесни“ победи на фаворитите

78
ФОТО:Veszprém Handball Club/FB

Вечерва во рамките на 4.коло се одиграа уште четири средби од 4.коло во ракометната Лигата на Шампионите.

Веспрем на свој терен го победи Киелце со 35:33 во еден суперинтересн меч, а на крајот драма. Сепак домашните ракометари знаеја како да одиграат во тие решавачки мечеви и успеаја да ги израдуваат своите фанови.

Барселона како домаќин се измачи, но сепак успеа да дојде до триумф против составот на Сегед и тоа со конечни 31:28

Фуксе Берлин не дозволи изненадување и успеа како домаќин да слави против Динамо Букурешт со 32:31. Колку за потсетување тимот од Романија првото полувреме го доби до 16:18. Сепак во продолжение од овој меч, германскиот состав успеа да дојде до победата.

Ако на сите мечеви беше и тоа како интересно, што да се каже за дуелот меѓу ПСЖ и Загреб. Гостите од Хрватска во второто полувреме имаа предност и од три гола, но сепак “светците“ се извлекоа и на крајот се радуваа на победата од 35:32. Едноставно хрватскиот тим немаше сила кога беше најпотребно.

ПретходноМастантуоно за споредбите со Јамал: “Тој е одличен играч, но јас сум фокусиран на својата игра“!
СледноПартизан како да не може без драма, сепак го победи Ефес!