Гарабаја: Не заслуживме да загубиме со толку голема разлика!

55

Пелистер го запиша третиот пораз во Лигата на шампиони. Во меч од четвртото коло беше совладан со убедливи 36-25 на гостувањето кај Висла Плоцк. Битолчани добро му парираа на противникот во првите 20. минути од мечот, а потоа на сцена настапи полскиот тим, кој на крајот славеше со двоцифрена разлика.

Тренерот на актуелниот македонски првак, Рубен Гарабаја после мечот даде краток коментар потенцирајќи дека неговиот тим не заслужил да биде поразен толку убедливо.

„Честитки до Висла — тие апсолутно заслужија да победат. Тие се одличен тим со одличен тренер, што го потврдува и денешниот резултат. Тажен сум од крајниот исход, бидејќи верувам дека не заслуживме да изгубиме со толку голема разлика“, изјави Гарабаја.

Следен предизвик за Пелистер во Лигата на шампиони е Барселона, мечот се игра на 15. овој месец во Битола.

ПретходноГроздановски знае како се пишува историја во Гент!
СледноПо долга борба со тешката болест почина тренерот на Бока Јуниорс