Вечерва на “Планет Груп“ арената во Гент, нашите репрезентативци го одработија тренингот во пресрет на утрешниот меч со Белгија во рамките на квалификациите за СП 2026.
Во одлично расположение, избраниците на селекторот Благоја Милевски просто се “загреваа“ за тоа што ги чека утревечер против силната Белгија.
Факт е дека ова е екстра значаен меч, еден од најважните во нашата фудбалска историја, со победа ќе сме милиметри блиску до Мундијалот, но ќе видиме како ќе биде утре, а поддршката нема да изостане.
Најважно е што Македонија верува во себе.