Македонија У19 денеска на мегдан со Црна Гора

179

Македонслата репрезентација до 19. години на чело со селекторот Еркан Селими денеска од 15:30 часот ќе го одигра првиот пријателски дуел на гостински терен против Црна Гора.

Нашите млади фудбалери од вчера се сместени во својата база во Црна Гора, а денеска ќе го одиграа првиот дуел во Даниловград.

„Секако дека секогаш кога сме дел од националниот тим тоа е посебно чувство. да се носи дресот на Македонија е чест и одговорност, и тоа така треба да биде. Не очекуваат два дуели против квалитетен тим во кој ќе пробаме да обезбедиме позитивни резултати, и дополнително да се воиграме за она што следува“ – изјави македонскиот репрезентативец до 19. години, Давид Ивановски, кој што е член на швајцарскиот тим на Винтертур.

Денешниот меч започнува од 15:30 часот.

 

ПретходноВо Саудиска Арабија се пофалија: Сопствениците на Јунајтед во напредни преговори за продажба на клубот
СледноЕвролига го казни Партизан, Обрадовиќ порача: Ако има проблем…