Како што е вообичаено кога игра Партизан, и вечерва во преполната Арена драма во меч од Евролигата. Драма, но со среќен крај за момците на стратегот Жељко Обрадовиќ и победа над Ефес со 93:87.
А ако се знае како одиграа „црно – белите“ во првото полувреме, а одиграа фантастично и имаа убедлива предност, тогаш несфатливо е зошто и како паднаа во втората фаза од мечот. Турскиот тим и тоа како опасно се приближи резултатски, но на крајот Партизан славеше втора победа на третиот меч во новата сезона во Евролигата.
Монако како гостин славеше Милано со 79:82.
Исто гостинска победа славеше и тимот на Панатинаикос со 84:86,но домашниот состав имаше шанси за сосема поинаков исход на овој меч.