Гарсија ги има стартните 11: Единствената дилема е Опенда или Тросар?

167
фото: Belgian Red Devils (X)

Вечерва Белгија ја пречекува Македонија во нов квалификациски меч од циклусот за пласман на СП 2026 година. Белгиските медиуми веќе излегоа со своите претпоставки околу стартите 11 со кои ќе се појави селекторот Руди Гарсија на дуелот со нашите момци.

На голот сигурно ќе биде Тибо Куртоа, а според најавите одбраната ќе ја формираат Томас Мение, Зено Дебаст, Артур Теат и Максим де Кујпер.

Во средниот ред, евентуалното отсуство на Амаду Онана (и Орел Мангала и Ромео Лавија) ​​би можело да се компензира со враќањето на триото Николас Раскин, Ханс Ванакен и Кевин Де Брујне, кои оставија одличен впечаток од мечот против Украина во март.

Жереми Доку и Малик Фофана најверојатно ќе тргнат по крилните позиции, а најголема неизвеснот Гарсија има околу позицијата на прв напаѓач. Лоик Опенда треба да добие уште една шанса, но до последен момент во игра за стартното место ќе биде и фудбалерот на Арсенал, Тросар.

ПретходноПелистер против Чаир оди на два од два на стартот на првенството
СледноМакедонија У21 – Ерменија У21, 17:00: Момци, одиме на прва победа