Казахстан – Лихтенштајн 4:0 е исходот од мечот во нашата квалификациска Ј група за пласман на СП 2026. Тоа значи дека казахстанците во победничка атмосфера доаѓаат во Скопје каде в понеделник играат со нашата селекција.
Домашниот состав попладне во Астана, ја оправда улогата на фаворит. Беше подобар тим и со головите на Кенжебек во 26.минута, Зејнутдинов две минути подоцна, повторно Кенжебек во 59.минута и Касум во 81.минута славеа заслужена победа.
Ова за Казахстан беше само втора победа во нашата Ј група со што сега оваа селекција има шест бода од шест одиграни мечеви.










