Македонија У21 – Ерменија У21, 17:00: Момци, одиме на прва победа

78

Македонската репрезентација до 21. година денеска од 17:00 часот на стадионто Петар Милошевски во Битола, ќе го одигра третиот квалификациски дуел од актуелната кампања. Противник е репрезентацијата на Ерменија, која што идентично како и ние во првите две кола не освои ниту еден бод.

Ние реално гледано, имавме два тешки предизвици на стартот. Гостување во Полска,  каде што загубивме со 3:0, и ја пречекавме Италија во прекрасен амбиент токму во Битола, кога загубивме минимално со 0:1.

Сега, како што велат нашите млади репрезентативци време е за играчка и резултатска рехабилитација.

Најпрво мора да постигнеме гол, нешто што се покажува како проблем на стартот на оваа кампања, а потоа и да ги освоиме реално планираните бодови. Сето, тоа е лесно да се напише, но да се оствари на терен, секако дека е предизвик.

 

ПретходноГарсија ги има стартните 11: Единствената дилема е Опенда или Тросар?
СледноДобар потег на РФМ: Навивајте за Македонија за 100 денари!