ФОТО НА ДЕНОТ: Браво МАКЕДОНИЈО…имаш ЈУНАЦИ!

722
ФОТО: FFM.MK

Овие 0:0 во Гент и тоа како силно ќе одекнат во светот на фудбалот. Македонија и во 13 меч во низа е без пораз, Македонија и по шестото коло во групата Ј е без пораз и што е уште поважно Македонија и натаму е лидер на табелата.

Во право е Зајков, вечерва нашите фудбалери просто изгинаа на теренот.

Одиграа за себе, за Македонија, за сите нас.

Македонија знаеше што сака, а по мечот, по тие 0:0 нашите ЈУНАЦИ им се заблагодарија на повеќе од 1.000 македонски навивачи за големата поддршка.

ПретходноМилевски: Задоволен од дефанзива, незадоволен од организација, добивме фактор X во нашата игра
СледноПеп со пофалби за еден тим: „Начинот на кој играат е, за мене, восхитувачки“