Фудбалската репрезентација на Македонија направи уште еден, ретко виден подвиг во европски фудбалски рамки во тековните Мундијалски квалификации. Предмалку во Гент, против огромниот фаворит Белгија, Македонија одигра херојски, фантастични 0:0, и со тоа го задржа првото место во групата по шест меча, и сега веќе заработени дванаесет бодови на своето конто.
Она што вечерва го направи Македонија на теренот во Гент се рамни со сензација. Зошто? Затоа што издржа херојски, одигра машки, одигра онака како што сите очекувавме дека ќе одигра во националниот дрес. Белгија шутна речиси триесетина пати, но попусто, кога ниту еднаш не погоди во голот на вечерва несовладливиот Столе Димитриевски. И тој но и сите шеснаесетина репрезентативци на Македонија кои вечерва добија минутажа во Гент направија да се чувствуваме горди, и да си кажеме сами на себе. Да, ние имаме реална шанса да одиме на Мундијалот во САД, Мексико и Канада во 2026 година.
Белгија не престана да напаѓа во сите деведесет минути
Стартната ситуација Белгија ја имаше во 13. Минута кога Де Брујне биеше но непрецизно кон нашиот гол. Следуваше ситуацијата на Кастањ кој што изби десно во нашиот песнаесетник, нафрли по земја напоредно со гол линијата, но немаше ниту еден негов соиграч тоа да го искористи. Следуваше поништениот гол за домашните кој не е важечки поради офсајд ситуацијата на асистентот Де Брујне. Салемакерс беше оној кој по изведениот корнер на Белгија „начека“ еден волеј на работ на шеснаесетникот но биеше непрецизно над голот.
Во 27. Минута сериозна ситуација пред нашиот гол во која Белгија буквално беше целосно преселена во нашиот петерец. Најпрво Елмас, а потоа и Атанасов во блокот успеаа да спасат чисти голови. Конечно, во 31. Минута Тросард по добриот центаршут се обиде со глава но и тој биеше преку голот на Димитриевски.
Ние пак од друга страна се обидовме еднаш преку Јани Атанасов, кој што биеше од прва што се вели на една одбиена топка. Комбинацијата на Барди и на Алиоски во која нашиот капитен имаше добра позиција да нафрли домаќинот ја осуети со блок.
Белгија каде што застана пред полувремето, продолжи во вториот дел. Несопирливиот Доку шутираше прв Димитриевски брани. Следен беше ударот на Де Брујне во 54. Минута, а Столе Димитриевски бравурозно брани. Доку повторно од лево се заканува влегува во шеснаесетникот на Македонија, но неговиот центаршут Тросард само го „чепна“ со нога, а топката замина на другата страна од теренот, иако напаѓачот на Белгија беше во одлична позиција.
Соло акцијата на Доку во 61. Минута Димитриевски ја осуети по којзнае кој пат вечерва.
Опенда „очи во очи“, Столе е несовладлив
Она што потос пристигна од памфлетот атаци на белгијците вечерва беше зицер ситуацијата на Опенда. Тој излезе сам пред Димитриевски откако прекрасно беше проигран, но ДИмитриевски на време „затвори“ агол и со десна рака брани чист гол.
Во 78. минута, Кастањ на акцијата од лево, се најде сам во петерецот на Македонија, се испружи колку што е долг, ја зафати топката но таа замина над голот на Димитриевски.
Следен обид беше оној на Фофана, односно топката наменета за резервистот, кога повторно по таа лева страна Белгија проби, но повторно нашата одрбана на висинатѕа на задачата.
На другата страна пак, Македонија имаше голема шанса откако Костадинов одигра за Елмас, а овој прекрасно нафрли на вториот дирек, а таму Ристовски милиметри покус во обидот да бие со глава.
Белгија – Македонија (0:0)
Стадион во Гент
Ж.картони: Салемакерс, Теате, Де Брујне (Б) Ашковски (М)
Македонија: Димитриевски, Алиоски, Муслиу, Зајков, Стојчевски (Алими 74), Атанасов (Деспотовски 74), Барди, Костадинов,Елмас, Ашковски (Чурлинов 46), Миовскин(Ристовски 57)
Белгија: Куртоа, Кастањ, Дебаст, Теате, Де Кујпер, Ванакен, Раскин, Де Брујне, Салемакерс, Тросард, Доку
ТАБЕЛА:
1.Македонија 12
2. Белгија 11
3. Велс 10
4. Казахстан 6
5. Лихтенштајн 0