Македонската фудбалска репрезентација вечерва во Гент, Белгија го игра можеби најважниот дуел во тековната Мундијалска кампања против домаќинот Белгија. Имаме лидерско место на табелата и единаесет бодови на табелата, а доколку вечерва останеме непоразени на прагот сме на огромен успех.
Македонија во моментов има поддршка во Гент од околу 1000 навивачи, кои што прават одлична атмосфера и се далеку побучни од домашните навивачи. За време на интонирањето на химната на Македонија, енергијата се почувствува и Македонија може да тргне кон пресудната битка.