Милевски: Задоволен од дефанзива, незадоволен од организација, добивме фактор X во нашата игра

180

Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Благоја Милевски нормално задоволен од она што вечерва се случуваше во Гент, Белгија и освоениот бод во ремито 0:0 против огромниот фаворит.

Уште по нормално, и во негов стил, Милевски не дозволи никаква еуфорија, и во изјавата покрај пофалбите кон своите избраници, посочи и од што е незадоволен.

„Mожам да бидам задоволен од тоа како изгледавме во дефанзива. Не можам и не сум задоволен од тоа како изгледавме во организација. За тоа секако има заслуга и противникот. Но на крајот сум задоволен и од резултатот и од начинот на кој што момците го ибуткаа овој натпревар. Значи добивме еден факто икс кој досега го немавме. Да и кога сме лоши во организација, да знаеме како треба и како да одиграме во дефанзива. Тоа момците го покажаа денеска на најдобар можен начин. Ова е зад нас. Мислиме на понеделник и на Лихтенштајн“ – изјави селекторот Милевски. 

ПретходноДимитриевски: Одигравме перфектен меч во дефанзива!
СледноФОТО НА ДЕНОТ: Браво МАКЕДОНИЈО…имаш ЈУНАЦИ!