ВМФЛ: Дерби во Штип под рефлектори, Брегалница на мегдан со Скопје!

125
ФОТО: Фудбалски клуб Брегалница / Football Club Bregalnica/FB

Попладнево на програмата се сите осум средби од 8.коло во ВМФЛ. Дербито се игра во Штип и тоа под светлоста на рефлекторите со почеток од 18 часот а во него се среќаваат Брегалница и Скопје. Тоа ќе биде дуел меѓу првиот и четвртиот на табелата.

Важен меч за двете екипи. Штипските “сини“ само со победа ја задржуваат лидерска позиција, додека “Пиратите“ со три бода од оваа средба ќе се израмнат бодовно со Брегалница и со тоа дефинитивно ќе влезат во битката за првото место на табелата кои води директно во елитата.

Интересно ќе биде и на дуелот Осогово – Беласица, како и во Тетово каде на Градскиот стадион под Шара се среќаваат Тетекс и Шкендија (А).

Во продолжение можете да ги видите сите двојки за денеска:

ДВОЈКИ ЗА 8.КОЛО – ДЕНЕСКА (15 Ч)

Саса – Преспа

Кожуф – Детонит

Новаци – Охрид

Осогово – Беласица

Победа – Слога (В)

Тетекс – Шкендија (А)

Вардар (Н) – Г. Коњари

Брегалница – Скопје (18 Ч)

ТАБЕЛА

Брегалница 17, Шкендија (А) 17, Беласица 16, Скопје 14, Детонит 13, Новаци 13, Кожуф 12, Охрид 12, Осогово 10, Саса 7, Тетекс 7, Вардар (Н) 6, Победа 4, Слога (В) 3, Преспа 3, Г. Коњари 3

ПретходноРегионот е горд на нашите фудбалери – Македонско чудо во Белгија!
СледноЦибона нема да игра против ТФТ?