Новак елиминиран во 1/2 финалето во Шангај од тотален анонимус!

155
ФОТО: Rolex Shanghai Masters/FB

Новак Ѓоковиќ не успеа да се пласира во големото финале на Мастерсот во Шангај. Најдобриот тенисер на сите времиња, во полуфиналето беше елиминиран од тоталниот анонимус, тенисер кој е 204 на АТП листата, а неговото име е Валентин Вашеро од Монако.

Крајниот исход е 2:0 во сетови за Вашеро или 6:3 и 6:4.

Јасно беше дека Србинот си има големи проблеми со повредите. Во неколку наврати во текот на мечот Новак добиваше и лекарска помош, но на крајот сепак не успеа да победи на овој меч, а тоа значи дека нема да го види финалето во Шангај.

ПретходноШпанецот Мунуера ќе ни суди на мечот со Казахстан!
СледноОдбојкарките денеска ја отвораат новата првенствена сезона