Цибона нема да игра против ТФТ?

134
Фото: ФБ ТФТ

Цибона одлучи да не продолжи со натпреварувањето во регионалната АБА 2 лига.

Како што објавува „Јутарњи“, по долги консултации, загрепскиот клуб донесе одлука дека сепак ќе се повлече од лигата. Поради оваа одлука, Цибона нема да игра против ТФТ.  Натпреварот против клубот беше закажан за понеделник во 18:00 часот.

По осум години, Цибона се врати на европските натпреварувања со аплицирање за ФИБА Еврокупот, но во исто време, играше во АБА2 и домашното првенство.

Порано беше објавено дека клубот размислува за повлекување од АБА лигата, но се чекаше финансиска поддршка од Хрватскиот кошаркарски сојуз.

ПретходноВМФЛ: Дерби во Штип под рефлектори, Брегалница на мегдан со Скопје!
СледноОбјавена е листата на ѕвезди за кои Барселона им должи богатство на други клубови!