Бекам (183 см) помеѓу Шек (216 см) и Минг (229 см)

55

Дејвид Бекам објави фотографија на Инстаграм на која позира во друштво на двајца пензионирани НБА џинови. Сликата брзо стана вирална поради огромната разлика во висината помеѓу поранешниот англиски фудбалер (висок 183 см), Шекил О’Нил (216 см) и Јао Минг (229 см).

Подготовниот натпревар за новата НБА сезона, во кој се сретнаа Феникс Санси и Бруклин Нетс, беше одигран во Макао и заврши со победа на Санси.

Бекам, поранешна ѕвезда на англиската репрезентација, Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид, денес е еден од сопствениците на Интер Мајами. Јао Минг и Шекил О’Нил, пак, беа едни од најдоминантните центри во историјата на НБА лигата.

Кинескиот кошаркар целата своја НБА кариера ја мина во Хјустон Рокетс, со просек од 19 поени и 9,2 скока по натпревар, додека Шек, кој е троен шампион со ЛА Лејкерс и еден со Мајами Хит, важи за еден од најмоќните кошаркари на сите времиња. Тој ја заврши кариерата со просек од 23,7 поени и 10,9 скока по натпревар.

И двајцата се членови на Куќата на славните на кошарката.

ПретходноУ-17:Македонија со пораз од Чешка!
Следно„На Македонија очајно и треба победа против Казахстан!“