ВМФЛ: Шкендија Арачиново славеше под Шара, без голови во Гевгелија

375
ФОТО: KF Shkëndija Haraçinë 77/FB

Попладнево се одиграа седум меча од 8.коло во ВМФЛ. Интересно беше во Тетово каде на Градскиот стадион под Шара, Шкендија Арачиново со 1:2 го совлада домашниот состав на Тетекс и тоа со двата гола на Ливарека. Екстра значајни три бода со кои арачиновци избија на лидерското место на табелата и таму ќе бидат се до завршувањето на дербито во Штип кое се игра вечерва меѓу Брегалница и Скопје. Сега штиоските “сини“ се под притисок, само победа ги враќа на челната позиција, ама и Скопје си има свои пресметки.

Во Гевгелија без голови, по бод си поделија Кожф и Детонит. Голема победа на Осогово против Беласица со 3:1, додека Охрид славеше на гости кај Новаци со 0:1.

Славје во Прилеп, домашната Победа со уверливи 3:0 ја победи Слога (В). Саса пак како домаќин исто со 3:0 ја победи Преспа и на крај Вардар (Н) на свој терен го декласира Г. Коњари со 4:0.

РЕЗУЛТАТИ – 8.КОЛО

Саса – Преспа 3:0

Кожуф – Детонит 0:0

Новаци – Охрид 0:1

Осогово – Беласица 3:1

Победа – Слога (В) 3:0

Тетекс – Шкендија (А) 1:2

Вардар (Н) – Г.Коњари 4:0

Брегалница – Скопје (18:00 Ч)

ПретходноЧаби Алонсо може да здивне: Повредата на Мбапе не е сериозна!
СледноРакометарите на Тиквеш постигнаа три гола во едно полувреме