Фудбалерите на Брегалница славеа со 2:0 во последниот натпревар од 8. коло во Втората македонска фудбалска лига, денеска на домашен терен против екипата на Скопје. Штипјани одиграа одличен натпревар и ги заслужија трите бода, иако до самиот крај на мечот Скопје имаше отворен резултат.
Сепак, мора да се забележи дека штипјани во судиското продолжение промашија два зицери, пред Калапачки да го постигне голот во 95. минута и да ги запечати овие 2:0.
Инаку, „сините“ го отворија резултатот во 17. минута преку Стефан Костов и успеваа да ја одржат предноста пред својата публика. До крајот со голот на Калапачки беа поставени конечните 2:0 кои ја враќаат Брегалница на делба на 1. место на табелата со идентичен број бодови како и екипата на Шкендија Арачиново. По 8 кола овие два тима се се уште непоразени.