Екипата на Алкалоид беше домаќин на Бутел Скопје во меч од седмото коло во Супер-лигата, дуел кој го доби со 32-25.
Пред почетокот на овој натпревар, спортскиот директор на тимот од Автокоманда, Милош Милошевски му го врачи медалот од освоениот ЕХФ Европски Куп на поранешниот голман, Благојче Трајкоски, кој од оваа сезона е член на Бутел Скопје.
Алкалоид во стилот на големите европски клубови уште еднаш на дело ја покажа својата професионалност и почит кон сите оние кои биле дел од успешната приказна во изминатите години.