ГРК Охрид слободно може да мисли на пласманот во третото коло во ЕХФ Европскиот Куп бидејќи на првата средба против Баки славеше со убедливи 11-44. Реваншот меѓу двата тима е утре, а мечот се игра во СЦ „Билјанини Извори“.
Македонскиот тим името на победникот го реши во првото полувреме, кое го доби со 7-24. Охриѓани отворија со 2-9, а во 21-та минута со голот на Стрмљан поведоа со двоцифрени 5-15.
Иванковиќ имаше 11 гола кај победникот, додека Ѓукиќ имаше пет погодоци.
До крајот македонскиот тим ја имаше полесната задача – рутински да го заврши дуелот.